Охрид фест 2015: Го уби тишина и енергија на плејбек!

Охрид фест 2015: Го уби тишина и енергија на плејбек!

0
СПОДЕЛИ

Ако не сте од оние што имаат навика да поминат по неколку часа гледајќи некоја од македонските национални телевизии, тогаш сигурно ниту од интернет, радио или печатени медиуми нема да дознаете дека деновиве во Охрид се случувал фестивал за забавна мелодија кој постои повеќе од две децении.

Тој фестивал што некогаш се викаше „Охридски трубадури“, а денес „Охрид фест“, годинава го имаше своето 22-ро издание, односно традиција од цели 22 години постоење со интернационален акцент.

Но, ајде ќе речеме дека кај нас од фестивалите „престижен“ и актуелен е само „Скопски“, а другиве се чисто онака колку да се рече дека опстојуваат, дури да се чудиш дека уште ги има.

Отворената сцена на Долни Сарај во Охрид, се до вчеравечер, четири дена за „Охрид фест“ беше ефтино подукрасена, остана со речиси празни столчиња за публика, нејасен концепт, пеење на плејбек и непознато жири.

И со ваков концепт сепак е добро барем за авторите на песни кои ќе земат некој денар од  ангажманот и авторството, бидејќи секогаш се тука пејачите што не пропуштаат да пејат на домашните фестивали како: Маја Вукичевиќ, Жармена, Влатко Илиевски, Александра Михова… а и новајлиите како Пепа Димитрова што решиле да дебитираат.

Мотото на ова издание беше: „Тишина, музиката зборува…“, а на некој начин и буквално беше така.

охрид фест хитпортал

Тишна во домашните медиуми за ова случување и музика која се отпеа на плејбек само со отварање на устата.

Толку беше очигледно, па водителката Вера Јанковиќ мораше да спомне дека „Охрид фест“ е фестивал каде се пее на плејбек ама говори енергијата на изведувачите.

Епа, бидејќи главна беше енергијата, а не пеењето, за песната не зборуваме, одговорно за гласање на најдобрите беше „стручно“ жири што оценува според енергија.

Дури 11 членови одлучуваа чија сценска енергија е најдобра, а нивните имиња и не баш ги знаеме бидејќи како што ги најавија, дел од нив беа сопственици на хотели и ресторани или такви што не се занимаваат со музика.

За фијаското да биде ушто поголемо, господата од жири гласаа за песните по евровизиски принцип.

Откако се побркаа кој е на ред за гласање според список или до кој стигнал микрофонот, некако ги доделија своите гласови.

И кога конечно помисливме дека ќе прогласат победник, сценариото наложи да им даваат плакети кои требаше да ги гледаме од зумирана перспектива.

маја охрид фест хитпортал

Плекетите пак, помали од еден прст, за нив организаторите очигледно се „намачиле“,  чудо како како ги изгравираа буквите.

Наградите насловени како „бисери“ беа резервирани за најдобрите според гласањето, ама на крај ниту тоа не го разбравме.

Кој зема награда, кој победи, остана нејасно.

Иако на табела според гласови Влатко Илиевски и Јелена Џуриќ беа први, на сцената беше повикана Елена Петреска која пак не се појави, туку излегоа Влатко и Јелена збунети што треба да прават.

Знаеме дека звучи конфузно, но затоа погледнете го видеото од гласањето каде настана вистинска каша.

Гласањето на Охрид фест

Posted by HITportalMK on четврток, 27 август 2015

За да биде уште потрагично, организаторите можеби заборавија која година сме, па решија како гости во ревијален дел да ги повикаат „Нови Фосили“ кои отвораа уста на песни стари колку фосил.

Веројатно е редно време да се подразмисли и поработи на ваквите фестивалски случаи и секое следно издание да не биде тивка бламажа.

охрид фест хитпортал

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР