Home ЗАБАВА One Love Tour: Најголемите хип-хоп артисти од Македонија и Бугарија на заедничка...

One Love Tour: Најголемите хип-хоп артисти од Македонија и Бугарија на заедничка турнеја!

320
0
SHARE

Живееме во време, во кое ЛУЃЕТО се делат по етничка, вероисповедна, СТАТУСНА и по уште каква не припадност.

Но, љубовта не знае за предрасуди, а љубовта кон уметноста е способна да ги „уништи“ сите граници, дури и државните.

Па така е и овој пат:

Две соседни држави + најголемите хип-хоп артисти = ONE LOVE Fest

Македонската „Иноватива“ и бугарската „Mejdinna stancia“ ја имаат најдобрата летна турнеја за новата сезона.

Турнејата „One Love“ ќе помине во осум градови во Македонија и Бугарија.

Журката започнува на 22 јули во Банско со бесплатен концерт, а продолжува на 26 јули во Охрид, потоа на 27 јули во Струмица, 17 август во Сончев брег, 18 август Варна, 6 септември во Пловдив, 30 септември во Скопје, и завршува на 7 октомври во Софија.

Турнеја која обедини шест балкански ѕвезди со заедничка љубов кон хип-хоп музиката.

Од Македонија ќе настапат Слаткаристика, Тони Зен и Дј Гоце С.А.Ф., а од Бугарија ќе ги преслушаме Криско, Гери-Никол и Апсурт.

Билетите набавете ги преку продажната мрежа на “Мк Тикетс”, а за сите детали посетете ја официјалната фејсбук страна за Македонија, One Love Tour MK.

Повелете на “Една Љубов”, затоа што “Love always wins”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here