„Ослободување на Скопје“, македонски кандидат за Оскар

„Ослободување на Скопје“, македонски кандидат за Оскар

0
СПОДЕЛИ

„Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и неговиот син Данило Шербеџија, остварувањето е прикажан на посебна проекција во Лос Анџелес, пред номинациите за Оскар во категоријата надобар странски филм.

Ова остварување на познатниот актер Раде Шербеција е прв режисерски ангажман и со него конкурира за Оскар.

Филмот „Ослободување на Скопје“ е работен според театарската драма на Душан Јовановиќ, за пропаѓањето на едно семејство во Втората светска војна, каде што во центарот на вниманието е момчето коешто живее со мајката под германската окупација, додека татко му се бори во партизанските редови, а мајка му со желба да го спаси семејството стапува во блиска врска со германски офицер кај кого што е вработена.

ослободување на скопје

Покрај Раде Шербеџија глумат финскиот актер Мико Ноусианинен, ќерката на Шербеџија Луција, макендонската актерка Силвија Стојановска и во дебитантската улога, 11-годишниот Давид Тодосовски.

Освен „Ослободување на Скопје“, на 89-тото доделување на Оскарите во категоријата за остварување надвор од англиско говорно подрачје, номинирани се и грузискиот долгометражен кандидат „Куќа на другите“ на режисерката Русудан Глурјидзе, романскиот филм „Сиера Невада“ на Кристи Пуиу, исландскиот „Врапчиња“ на Рунар Рунарсон.

ослободување на скопје

Од просторите на бивша Југославија номинирани се „Дневникот на машиновозачот“ на Милош Радовиќ и Лазар Ристовски, словенечнкиот документарен-игран филм „Хјустон, имаме проблем!“ на Жиго Вирц, а хрватски кандидат е долгометражниот игран филм „Од онаа страна“ на Зринка Огреста.

Свеченото доделување на Оскарите се одржува на 29 февруари во Лос Анџелес.

ослободување на скопје

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР