Откриено кој стои зад гласот на „Сири“

Откриено кој стои зад гласот на „Сири“

50
0
СПОДЕЛИ

Сири во последните две години е верен пријател на милион корисници на уредите на Apple.

Сири дава информации за времето и препораки за ресторани (кои се достапни), ја исмејуваа, но таа е подготвена на бројни луди прашања.

На уредите на Apple притигна како составен дел од iOS во 2011 година, иако и претходно беше достапна како посебна апликација.

Гласот на „Сири“ припаѓа на Американка која досега не била позната. Како што пишува CNN, се работи за Сузан Бенет, иако Apple тоа не го потврди.

Таа вели дека тоа е нејзиниот глас.

Бенет со години го позајмува својот глас, а почнала како глас на банкомат. Денеска може да се слушне на разни реклами, ГПС уреди и на терминалите на авиокомпанија Делта.

Сири на iOS 7 проговори и со дополнителни јазици, а актерите кои го позајмиле нејзиниот глас во Велика Британија и Австралија го открија својот иднтитет, но не и Бенет.

Вели дека не била сигурна дали го сака тој притисок и дали е легално. Откако Verge ја објави приказната за Сири, таа одлучила јавно да истапи.

Видео: Сузан Бенет во CNN Red Chair

Но, целата приказна започнала уште во 2005 година, две години пред претставувањето на iPhone. На софтверската компанија ScanSoft и бил потребен глас за нов проект, па преку компанијата GM Voices дошле до Сузан. По неколку часа, секој ден, во јули 2005 година го снимала својот говор за база на податоци.

Разни фрази и реченици требало да бидат снимени за потоа од тоа да се извлечат делови и да се создаде состав кој може да се користи во ГПС и телефонските состави.

Бенет вели дека не знаела за што ќе се користи нејзиниот глас, па претпоставувала дека се работи за снимање на некој телефон.

Неколку години подоцна пристигна iPhone 4S и кога ја слушнала Сири, знаела дека тоа е нејзиниот глас.

сири глас

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР