Парадоксот на Реал: Зидан е најдобар во историјата, а може да добие...

Парадоксот на Реал: Зидан е најдобар во историјата, а може да добие отказ

21
0
СПОДЕЛИ

Статистички гледано, Реал не памети тренер кој поубедливо стартувал на клупата од Зинедин Зидан.

Легендарниот француски фудбалер од оваа сезона е прв тренер на својот поранешен клуб и во првите 20 натпревари оствари фантастични резултати. Оствари дури 17 победи, ремизираше со Малага и Бетис, а загуби само од Атлетико на домашен терен. Првенството го заврши со 12 победи во низа и до самиот финиш и дишеше во врат на Барселона која на крајот ја одбрани титулата. На досегашните 20 натпревари освои 53 од можните 60 бода, оствари гол разлика 63-16 и со тоа ги надмина сите тренерски легенди кои некогаш го воделе Реал.

И покрај тоа, Зидан може да добие отказ веќе пред крајот на овој месец. Услов за да остане на клупата му е триумф во финалето од Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико. Ако победи, не само што ќе си обезбеди иднина на клупата на Реал, туку и ќе влезе во одбраното друштво на оние кои како фудбалери и тренери триумфирале во Лигата на шампионите.

Ако не победи, само Флорентино Перез знае што ќе се случи.

Повеќе спорт: sportmax

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР