„Пепафест“ или „Макфест“?

„Пепафест“ или „Макфест“?

818
0
SHARE

Од минатата година Макфест доби едно поинакво руво од она што го паметиме за изминатите 28 години.

Но, ајде ќе речеме дека новитетите и измените во однос на водителите, изведбите во живо со оркестар, критериумот за слекција на песни, месецот на одржување, за кого како се гледаат како добри или лоши.

Деновиве имаше многу за што да се коментира во медиумите и на социјалните мрежи.

Генерално гледано, освен изведувачите кои учествуваа и споделуваа позитива за фестивалот, останатите, а слободно може да се рече и мнозинството, коментираа духовита и критичка мисла.

Духовитоста ќе ја оставам само за насловот на овој став, но за останатиот дел ќе се сложам со повеќето.

Но, ајде со ред од првата, па до последната финална вечер.

Како за прва полуфинална, изненадувањата и шокот беа најголеми.

Следната пак, беше сосем јасно што може останато да се очекува.

Верувам дека повеќето од вас кои ја следеа првата полуфинална, не ни помислија да гледаат и втора, освен за фаќање сеир.

hitpotal makfest

Ајде по ред.

30 години јубилеј, а како да не беше Макфест, туку некој друг фестивал на анонимни пејачи , подзаборавени и горе-долу по некој актуелен.

Организаторите сакале „глам“ , ама на ТВ екраните изгледаше како концептот да го оставиле на почетна фаза од реализацијата со ноншалантен пристап.

Дебитанти и непознати пејачи, најчесто од Штип колку сакаш, а за песните ретко која од прва народно кажано влезе во уво за да ја потпевнуваме.

Некогаш од Макфест излегуваа големи хитови кои до ден денес се пејат и важат за евергрини и се дел од македонската музичка антологија.

Повторно пофалните зборови и овој пат може да одат само на сметка на оркестарот музички професионалци, кои пак откако ја напуштија сцената по изведбата на песните и ја препуштија на ревијалните гости, изгледаше како една празна школска училница со дрвени столици кои само дополнително ја уништија сликата од пресветкавите лед монитори.

pepa hitportal 3

Недостатоците и неочекуваното го достигнаа врвот во ревијалниот дел од првата полуфинална, кога на сцената се појави пејачката за која досега никој не слушнал, Пепа Димитрова од Штип, која за неверување на очи и уши остана на сцената цели 30 минути.

Пепа си испеа цел албум песни, а во меѓувреме слободно можевме да промениме канал до резултатите.

Интересно беше што дури и камерата не можеше да ги заобиколи оние од публиката кои излегуваа од салата додека пееше нивната сограѓанка Пепа.

Па зарем на јубилеј од фестивал со традиција не треба да има популарни пејачи и песни?

Но Пепа?

pepa hitportal

Ама за џабе не рекле дека секоја реклама е добра реклама, па Пепа остана нaјзапаметена на овој Макфест.

Кои беа члeновите на жири комисијата и не знаеме баш, бидејќи ги слушнавме само нивните имиња, а лица не видовме.

По толку фестивалски скандали во земјата, како да веруваме дека и овојпат телефонските гласови беа вродостојни.

Некои од изведувачите останаа без ниеден бод, во сите три вечери.

Нивното бодовно салдо стоеше на нула, иако нивните гласачи на профилите од социјалните мрежи споделуваа пораки дека го дале својот глас за омилената песна која на крај имаше само нули од гласачите.

Што знaчеа броевите 1, 2, 3 во табелите за бодови и за тоа не слушнавме некое појаснување.

Значат 1 смс порака или 100 прикажани како еден?

Финалето да речеме ја донесе најдобрата песна, а за победник со награда од 10 илјади евра беше прогласена Бојана Атанасовска.

bojana hitportal

На крај повторно ќе излезе дека сосема некои други песни ќе станат хитови кои наводно не освоиле ниту еден глас, а не сакаме да веруваме дека овој „Пепафест“ ќе обелодени некои неправилности кои на некој начин станаа рутина за македонските фестивали.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY