Home ЗАБАВА Гаџети Пет знаци дека вашиот телефон е заразен со вирус

Пет знаци дека вашиот телефон е заразен со вирус

185
0
SHARE

Оперативниот систем Андроид е многу подложен на напади на вируси.

Проблем е што многу корисници не се свесни дека нивниот телефон е заразен се додека не е предоцна.

Овие пет знаци откриваат дека телефонот е заразен со некој вирус:

1. Кус животен век на батеријата

Секој кој често користи мобилен телефон отприлика знае колку му трае батеријата. Но, ако вашиот уред е заразен со вирус, векот на траењето на батеријата драстично ќе се намали посебно ако се закачиле „adware‟ кој против ваша волја повлекува реклами од интернет што многу ја троши батеријата.

2. Пропуштени повици

Мобилните вируси можат да влијаат на дојдовните и појдовните повици. Поголем број на пропуштени повици или пречки при повиците може да укажува на тоа дека телефонот е заразен. За да проверите за што се работи, јавете се на својот оператор и проверете дали пропуштените повици се лажни.

3. Големи сметки

Вирусите често без контрола праќаат СМС пораки од вашиот уред и тоа на посебни телефонски броеви кои дополнително се наплатуваат. Повремено од вашиот телефон ќе биде испратена само една порака месечно за да не се посомневате во ништо, а некогаш во многу краток рок од вашиот телефон ќе бидат испратени голем број на пораки. Ако ви се случи тоа можете да очекувате голема сметка, а тоа е сигурен знак дека телефонот ви е заразен.

4. Зголемен промет на податоци

Слично како и со телефонските сметки. Постојат вируси кои тајно ќе го конзумираат прометот на податоците, а тоа е сигурен знак дека некој има контрола над вашиот уред.

5. Забавена работа на телефонот

Во зависност од хардверските спецификации на уредот, вирусите можат да предизвикаат големи проблеми со перформансите. Секој кој имал некој вирус на компјутерот знае како тие можат да ја успорат работата на системот. Вирусите можат да користат голема сила на процесорот што нема да ви преостане ништо друго туку неколку пати дневно да го ресетирате телефонот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here