Петта Бела Ноќ во Street Bar

Петта Бела Ноќ во Street Bar

68
0
СПОДЕЛИ

Како секоја година така и оваа, по повод БЕЛАТА НОЌ правиме само”Copy Paste” на настанот, бидејќи организацијата, тимот и вашиот омилен локал Street Bar е ист, додека од година во година се менуваат само имината на изведувачите и секоја наредна се подобри во изборот,за кој друг ако не за Вас.

Затоа оваа година одиме најако од сите бидејки славиме мал јубилеј од 5 години, па драги наши кавадарчани само за вас еден од најдобрите Грчки Прогресив Хаус dj кој Street Bar со особена чест го најавува V – SAG.

Петта година постоиме,петта година се трудиме да го дадеме најдоброто од Кавадарци, петта година само за вас, петта ЈУБИЛЕЈНА по ред #БелаНоќ.

Забележана како забава во која сите се во БЕЛО, забележана како забава каде сите се журкаат и забавуваат.

Забележана по Lephonq , Sinisa , Nennat Omen ,Hector , а оваа година ке биде одбележана со настапот на грчкиот V – SAG кој важи за еден од најдобрите грчки диџеи.

Како благодарност кон вас оваа година решивме да одиме чекор понапред,чекор погоре, каде што делот од тротоарот ке биде активен за Резервации и со вграден надворешен шанк!!!

Исто така ке биде овозможено и снимање од ДРОН.

Време е да видат дека Кавадарци сеуште знае да се забавува и сеуште го има епитетот на еден од најклубските градови во Македонија.

Street Bar вечерта ке биде во знакот на БЕЛАТА боја, додека на вас драги посетители ќе ви биде доволна само БЕЛА гардерова, пријатна насмевка на лицето и многу љубов во срцето.

За се друго ке се погрижи тимот на Street Bar по петти пат само за ВАС.

Со ❤ Street Bar ве очекуваме!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР