„Пивофест“ годинава го посетиле 400.000 гости

„Пивофест“ годинава го посетиле 400.000 гости

77
0
SHARE

Тринаесеттото издание на „Пивофест“ беше најспектакуларното досега со околу 400.000 посетители во четирите фестивалски дена, соопштија денеска организаторите на манифестацијата локалните власти и невладината „Центар за граѓански иницијативи“.

– Можам слободно да кажам дека ова беше најмасовниот „Пивофест“ организиран досега. Тоа не се само мои впечатоци туку и од публиката и граѓаните кои беа дел од најголемата фестивалска манифестација во Македонија. Само последната вечер имаше преку 100.000 посетители, а на целиот Фестивал во Прилеп дојдоа околу 400.000 гости. Тоа е особена гордост за мене не само како градоначалник, туку овој фестивал станува гордост за Прилеп и за цела Македонија. Овој фестивал станува најатрактивниот туристички бренд на Македонија. Прилеп полека станува центар на овој дел на Балканот за организирање на оној најмодерен вид на туризам засега во светот, а тоа е фестивалскиот туризам, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

На фестивалот имаше посетители од сите страни, не само од Македонија. Имаше гости и од соседните Србија, Бугарија, Грција, Албанија, од Босна и херцеговина, од Хрватска.

– Посетители дојдоа и од Германија, Холандија, Белгија, а пристигнаа и нашинците од Австралија и од Америка. На паркот на револуцијата во четирите фестивалски дена имаше преку 1.200 кампери, рече Ристески.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY