Home КУЛТУРА Театар „Подемот и падот на кабарето“ – премиера на МНТ

„Подемот и падот на кабарето“ – премиера на МНТ

142
0
SHARE

„Подемот и падот на кабарето“ е најнова претстава на Македонскиот народен театар, во режија на Владимир Милчин, која премиерно ќе биде изведена в сабота.

Настапува голема екипа од 22 актери кои ќе го прикажат развојот на кабарето – од неговите почетоци, со Француската револуција на крајот на 18 век, до 1930-тите години кога е уништено од нацистите.

Основата на претставата се „Зелениот папагал“ од виенскиот автор Артур Шницлер чии дела, како и многу други еврејски, биле спалени од нацистите, и „Протестен собир“ и „Војна“ на Лудвик Тома.

Ќе има девет песни – осум од француски и германски автори, кои актерите ќе ги изведуваат во живо, а последната, од рускиот Данил Хармс, ќе ја отпеат во хор.

Оригиналната музика е на Марјан Неќак, сценографијата на Крсте С. Џидров, костимите ги изработи Марија Пупучевска.

Играат: Тони Михајловски, Емил Рубен, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Владимир Ендровски-Љац, Арна Шијак, Сашко Коцев, Гораст Цветкоски, Борче Начев, Никола Ацески, Јордан Симонов, Благој Веселинов, Ивица Димитриевиќ, Ана Стојановска, Александар Ѓорѓиевски, Тина Трпкоска, Кристина Леловац, Емилија Мицевска, Софија Настевска-Трифуновска, Нино Леви, Славиша Кајевски и Трајче Георгиев.

МНТ по оваа премиера продолжува со подготовките на „Вечна куќа“ со која во септември ќе почне да работи новиот објект на театарот.

На „Охридско лето“ МНТ ќе настапи  на 21 јули, со „Изгубени Германци“ на режисерот Слободан Унковски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here