Погледнете како си поминавме на Алпските игри во Битола (ГАЛЕРИЈА)

Погледнете како си поминавме на Алпските игри во Битола (ГАЛЕРИЈА)

568
0
SHARE

По работната сабота, сончевата и пријатна недела ги измами дечињата и нивните семејства на плоштадот „Магнолија“ во Битола на првите по ред Алпските игри организирани во овој град.

Насмеани лица, ентузијазам за играње и добивање награди и многу радознали детски очиња заинтересирани за цртање, боење и секако за пиење Алпско млеко.

Родителите им даваа поддршка на своите мали натпреварувачи, уживајќи и самите во квалитетните забавни содржини и во добрите вибрации од Марко Новевски, модератор на игрите.

Помеѓу домаќините, имаше и учесници од другите градови што на поминување од плоштадот застанаа и ги поттикнаа своите дечиња да бидат дел од оваа забавна атмосфера.

Игрите се отворија со мини голфот, по што следеше куглање и погодување на кофичките, а беа понудени и многу други квалитетни содржини за деца на училишна возраст, со кои тимот на Алпско млеко ги поттикна на кратко да заборават на електронските уреди, да се потсетат на традиционалните детски игри, да поминат убаво време со своите другарчиња, да се натпреваруваат и да освојуваат супер награди.

Алпските игри ја поттикнуваат детската инвентивност, креативност, интелигенција и нудат живописни, возбудливи и богати искуства, што претставува извонредна можност за изразување на сиот потенцијал што децата го носат во себе.

Повеќе за атмосферата на Алпските игри во Битола, погледнете во галеријата на фотографии:

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY