Home ЗАБАВА Полиците во познат супермаркет останаа празни – еве зошто

Полиците во познат супермаркет останаа празни – еве зошто

1292
0
SHARE

Супермаркет во Германија ги отстрани сите странски производи од своите полици за да покаже колку малку би останало за луѓето ако расистите надвладеат.

„Едека“ во Хамбург го направи овој потег за да покаже кон што водат ограничените погледи на расизмот.

Сите странски производи биле отстранети а супермаркетот продавал само германски производи.

Мали знаци биле поставени низ супермаркетот со пораки кои велат: „Оваа полица е прилично досадна без разноликост“.

Одделот со салати имал знак што вели: „Нашиот избор денес ги знае границите“, оневозможувајќи им на клиентите да купуваат домати од Шпанија или маслинки од Грција.

Делот со сирење имал знак: „Празна е полицата без странци“


Портпаролот на „Едека“ изјави: „Супермаркетот се залага за диверзитет и ние создаваме широк спектар на храна во нашиот асортиман, кој се произведува во различни региони на Германија. Но, само заедно со производите од други држави ние создаваме уникатна разноликост која нашите муштерии ја ценат“.

„Ние сме почестени што добивме голем број позитивни критики од саботната акција“, додаде тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here