Полн погодок: Слушнете ја евровизиската песна со која Македонија ќе настапи во...

Полн погодок: Слушнете ја евровизиската песна со која Македонија ќе настапи во Киев (видео)

41
0
СПОДЕЛИ

Јана Бурческа ја промовираше песната со која ќе не претставува на Евровизија, а истата е насловена „Dance alone“.

Песната има модерен звук и е оригинално авторско дело на Joacim Perrson, Alex Omar, Florence A. и Bobi-Leon Milanov, сите дел од SYMPHONIX INTERNATIONAL, реномиран музички бренд кој низ годините има остварено значајни евровизиски достигнувања, како и соработки со светски познати артисти, меѓу кои Kelly Clarkson, John Legend, Kylie Minogue, Lady Gaga, Mary J. Blige, Miley Cyrus, Selena Gomez, Armin Van Buren, Conchita Wurst, Alexandra Stan и Jamiroquai.

Младата пејачка ќе настапи на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија кое ќе се одржи во Киев, Украина од 9. до 13. мај.

Бурческа настапува на 11-ти мај во првата половина на второто евровизиско полуфинале.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР