Поради овие ситници мажите ќе полудат по вас !

Поради овие ситници мажите ќе полудат по вас !

0
СПОДЕЛИ

Знаеме дека мажите не се многу романтични, но и тие сакаат внимание и нежност.

Овие 10 романтични ситници ќе направат партнерот повторно да се заљуби во вас.

Променете го стилот

Познато е дека мажите се визуелни личности, па можете да го изненадите со облека по негов вкус. Кога коментира како добро ви стоу тесна блуза, облечете со неа тесни фармерки и чизми. Или изнесете го на шопинг, а тој нека одбере барем едно парче облека за вас.

Користете ги рацете

Не станува збор за секс или за масажа, туку едноставно за допирање и покажување физичка нежност во секојдневниот живот. Држењето за рака додека одите по улица ќе го потсетат дека ви се допаѓа неговото тело.

Натерајте го да излезе со другарите

Времето со неговите пријатели му е подеднакво важно како и на вас. Ако му го признаете тоа, во неговите очи ќе бидете независна, секси и жена со самодоверба. Пуштете го да поминува време со своите пријатели.

Оставете му секси порака

Секако дека маќите сакаат да слушнат дека ги сакате и дека ви недостигаат. оставете му кратка, но слатка порака во џебот или пратете му смс порака или меил додека е на работа.

Комплимент

Кога ќе приметите дека е секси додека нешто прави кажете му го тоа. А, кога ќе се понуди да направи нешто место вас заблагодарете му се.

Една слика, илјада зборови

Денес, принтањето на фотографии е се поретко и баш поради тоа има посебен жар. Испринтајте некоја убава заедничка фотографија, на пример од некое патување и ставете ја на некое место каде што се гледа.

Дајте му слободна ноќ

Ако сте договорени дека тој ќе припреми нешто за вечера, ослободете го од таа обврска и нарачајте нешто. Ако е под стрес донесете му пијалак. Малите гестови се доволни да се чуствува дека добил кралски третман.

Променете ги навиките во сексот

Ако сте се навикнале на секс во темница, оставете ги светлата запалени. Водете љубов во некоја друга просторија. Разговарајте за вашите тајни секс фантазии.

Споделете искуство

Подароците коие не се материјални туку влкучуваат и некое искуство имаат поголемо значење зошто овозможуваат да имате убави спомени. Така на мажот подобро поклонете му патување отколку парче облека.

Откријте му тајна

Чуството на поврзаност е многу важен за мажите. Затоа откријте му некоја ваша тајна која ќе ја знае само тој.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР