Пред и потоа со Дадар: Како да се нашминкате ако имате спуштени...

Пред и потоа со Дадар: Како да се нашминкате ако имате спуштени очи

163
0
SHARE

Во денешната рубрика пред и потоа модел е Моника која има убави крупни сини очи и доста густа коса.

Бидејки косата е третирана хемиски, односно бојадисувана и бланширана, најпрвин ќе направиме третман на коса, кој ќе го потхрани влакното, ќе му даде сјај, ќе го забрза растот и што е многу важно косата ќе изгледа многу поздраво.

Фенирањето ќе биде во права форма но, сепак во краевите косата ќе биде заоблена.

По фенирањето преминуваме кон шминкање. Моника има благо спуштени очи па токму тоа е нејзиниот најголем проблем при шминкањето.

Нашата денешна задача е да ви демонстрираме како се шминкаат овој тип на очи.

Откако ќе ја нанесете основата и ќе ја фиксирате со пудра во прав лицето е спремно за следниот чекор, а тоа е сенчање на очите.

Од половина око, кон надворешниот агол , исцртуваме линија со молив, сенка потемна или ајлајнер, блиску до трепките па ја креваме линијата малку нагоре со цел да добиеме по искосено око.

Истото важи и за линијата под очите, така што со сенка или молив исцртуваме некаде една третина од окото кон надворешниот агол.

Сенката која ќе биде во кафена нијанса ја аплицираме од средишниот дел на горниот капак, кон надворешните агли и малку нагоре, повторно со цел да добиеме визуелно искосени очи.

Трепките задолжително треба да се навиткаат со виткач за трепки. И повторно внимаваме акцентот да биде на надворешните агли, никако на почеток или на средината на окото бидејки така ќе добиеме поотворени очи, а тоа не ни оди во прилог.

Маскара нанесуваме некаде од средината на окото кон надворешниот агол. Трепки може да се нанесат, но исто така само на делот кој сакаме да го поткренеме, а тоа е крајот на окото.

Веѓите се многу важни бидејќи ако ги поткренеме визуелно ќе добиеме поискосен изглед.

И за сам крај, розевиот кармин ќе даде романтична нота на овој изглед, па поради тоа не го заборавајте.

За нашата нова рубрика ги очекуваме вашите пријави на фејсбук – „Мое студио Дадар“, каде истовремено ќе бидете во тек со сите совети и попусти.

Плус не заборавајте да се пријавите и за учество во истата рубрика за во емисијата Extra Exclusive“.

ПРЕД И ПОТОА

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY