Пред концертот во Скопје, интервју со Тони Цетински

Пред концертот во Скопје, интервју со Тони Цетински

187
0
SHARE

Голема доза љубовни песни, отворено срце и добра забава, најавува Тони Цетински на својот прв солистичкиот концерt што ќе се одржи на 28 ноември во арената „Борис Трајковски“.

На настанот во организација на „План Б“ продукција сцената ќе ја подели и со музички соработници, гости и пријатели.

Kариерата ја почна во 1990 година, издаде 11 албуми, а македонската јавност го запозна со темата „Лагала нас мала“ која ја отпеа во дует со Тоше Проески.

Изминативе месеци тој ги преживува најтешките мигови во приватноста.

Против неговите родители Мирко, доајен на хрватската естрада специјализиран за канцона, и Винка, универзитетска професорка во пензија и поранешна министерка, беше поведена истрага за финансиски малверзации.

Цетински достоинствено се справува со целата ситуација зашто верува дека вистината ќе излезе на виделина.

Тони Цетински

Со години Вашите песни се популарни во македонските медиуми, но дури сега ќе се претставите со солистички концерт пред нашата публика.

Што беше пресудно да се решите за концерт во Македонија?

Едвај чекам конечно да запеам на својата публика во Македонија. Многупати имав волја и голема желба да одржам концерт. Но, досега никој не го исполнуваше организацискиот минимум. Овој пат ќе го работиме настанот со проверен организатор.

 Покрај хитовските рефрени, што друго ќе понудите на концертот?

Голема доза љубовни песни, отворено срце и добра забава. Сцената ќе ја поделам со музички соработници, гости и пријатели. Не сакам однапред да најавувам спектакл. Оставам публиката по настанот да реши дали тој бил под или над очекувањата. А, ние ќе вложиме 120 отсто од себе.

Од досегашното искуство, по што е посебна македонската публика?

Знае да препознае дали некој доаѓа со отворено срце или само глуми. Kолку може гласно да пее се уверив кога гостував на концертот на Тоше Проески кој го правеше на Сајмиште.

Тони Цетински

Актуелни сте со темата „ Заблуда“ која ја пеете во дует со Жељко Јоксимовиќ. Дали таа е само плод на Вашето долгогодишно пријателство?

Со Жељко се познаваме дваесет години. Не врзуваат многу повеќе нешта, надвор од музиката. Убаво е чувството да се соработува со некого без калкулации. Тоа е вистинско уживање. Таква беше и соработката со Тоше Проески.

Есенва ќе се појави Вашиотнов албум. Останавте ли верни на својот препознатлив звук?

Останав верен на својот звук. Но, секогаш при работата во студио правиме отстапки малку налево, малку надесно во текстовите и во продукцијата.

Додека човек може да си игра во тоа што го работи, има смисла да се занимава со музика.

Тони Цетински

Што најчесто размислувате додека снимате во студио?

Се оптоварувате ли со помислата колку песните ќе им се допаднат на публиката или најважно е Вие комплетно да ја доживеете?

Сами го одговоривте прашањето. Никогаш не размислувам колку арени ќе наполниме со материјалот што го создаваме. Ниту, пак, се оптоварувам колку ќе заработиме. Едноставно, им се препуштам на песните.

Тогаш, каде е тајната на Вашиот успех?

Во искреноста со публиката.

hitportal toni 3

Во една пригода изјавивте дека кога би напишале книга или би снимиле филм за својот живот насловот би бил „Тотално сум луд“ или „Збогум, си заминувам“.

Kој период би го опишале како најтежок, а кога сте биле најрадосни?

Kако најсреќни делови ќе ги одвојам првото емитување на мојата песна на радио и раѓањето на моите деца. Ми се случувало се и сешто во животот.

Но, сигурно како еден од најтажните мигови ќе го одвојам заминувањето на нашиот ангел Тоше Проески.

Пред неколку месеци против Вашите родители беше поведена истрага за финансиски малверзации.

Фотографиите кога го приведуваат Вашиот татко со лисици на рацете ги преплавија балканските медиуми.

Kако сето тоа го преживеавте?

Тоа чувство не можете да им го опишете на луѓето што тоа не го доживеале. Ниту можете да им објасните како е кога своите родители ќе ги видите од другата страна на стаклото во притвор, а знаете дека таму не им е местото.

На крајот се ќе излезе на виделина и ќе биде во ред. Но, некои слики засекогаш ќе останат во мозокот.

Верувате ли во судбина?

Да, но само во таа што ќе ја запише нашиот драг Бог.

Тони Цетински

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY