Премиера на „Метаморфози“ во изведба на НУ Народен театар-Битола

Премиера на „Метаморфози“ во изведба на НУ Народен театар-Битола

100
0
SHARE

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Метаморфози“ е чиј автор и режисер е гостинката од Бугарија Лилија Абаџиева.

Со деветтата премиерна претстава НУ Народен театар-Битола ја завршува театарската сезона во која според произведените и одиграните претстави е неофицијален рекордер во Македонија, истакна Валентин Светозарев, директор на таа национална установа.

Во последната театарска претстава за оваа година „Метаморфози“, ќе настапат актерите Марјан Ѓорѓиевски, Катерина Аневска, Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Сандра Грибовска, Никола Пројчевски, Кристина Христова Николова, Иван Јерчиќ, Филип Мирчевски и Викторија Степановска-Јанкуловска.

Во авторската претстава на Лилија Абаџиева „Метаморфози“, сценографијата и костимите ги подготви Васил Абаџиев.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY