Премиера на претставата „Чернодрински се враќа дома“

Премиера на претставата „Чернодрински се враќа дома“

122
0
SHARE

Во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово утре премиерно ќе биде изведена претставата „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Дамјан Читкушев.

Претставата „Чернодрински се враќа дома“ е заедничко дело на актери од Театар Комедија од Скопје, Драмскиот театар од Скопје и Тетовскиот тетар меѓу кои се Благица Димитровска, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Дритон Вејсели, Тино Костадиновски, Марко Богдановски, Георги Нешковски, Ариан Ејупи, Слободан Трендов и други.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите ги изработи Мелани Димитровска, а музиката е на Александар Томески, Марко Галевски, Андреј Караџоски и Игор Котески.

Претставата ќе биде поставена на редовниот репертоар на Тетовскиот театар и репризите ќе бидат одржани во текот на декември.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY