Премиера: Претстава за деца „Волшебната шума“

Премиера: Претстава за деца „Волшебната шума“

121
0
SHARE

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот“ во Велес денеска ќе биде изведена петтата годинашна премиера, овојпат новогодишна претстава за деца – „Волшебната шума“.

Претставата која е обработка на популарната приказна на Браќата Грим „Јованче и Марика“ е во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Деан Дамјановски.

Во претставата играат помладите актери на велешкиот Народен театар: Жарко Спасовски, Талија Настова, Фаик Мефаилоски, Кети Борисовска, Марија Стефановска, Драгана Босниќ и Александар Цветановски.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а музиката на Димитар Андоновски.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY