Home КУЛТУРА Претстава на германски јазик во МКЦ

Претстава на германски јазик во МКЦ

288
0
SHARE

Германско јазичниот центар во Скопје, во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје во вторник, во 19 часот во МКЦ, Кино Фросина, ја прикажува претставата на германски јазик „Кај дабовото дрво/Am Eichenbaum“.

„На претставата ќе се обрати  амбасадорката на Република Германија, Н.Е. д-р Кристине Д. Алтхаузер, а околу 80 наши ученици ќе се обидат не внесат во магичниот шумски свет под дабовото дрво преку песни, рецитали и забава“, велат организаторите.

Германскиот јазичен центар активно работи веќе осум години како едукативен центар за германски јазик за сите јазични нивоа и возрасни групи, традиционално организира забавно-едукативни настани за деца и тинејџери. Дел од организираните настани се вбројуваат и: голем број Божиќни приредби; Австриски ден во Скопје (Октомври, 2009); Во прекрасниот месец мај (2010); Дедо Мраз е тука (Веро Центар, декември 2012); Земјата е наш единствен дом (Зоолошка градина Скопје, јуни 2013); Сите бои на виножитото (Детска изложба, Градски Парк Скопје, јуни 2014); Од срце за срце (Градски Парк, Скопје, јуни 2015, во соработка со СОС Детско Село и Шпаркасе Банка); итн.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here