Претставата „Неверство“ на сцената на МОБ

Претставата „Неверство“ на сцената на МОБ

127
0
SHARE

Драмската претстава „Неверство“, во режија на Влатко Павлески и во продукција на „Прима Данца“, вечер ќе биде изведена на малата сцена на Македонската опера и балет.

Во претставата играат Предраг Павловски, Катарина Илиевска Силјановска, Самоил Стојановски, Илија Карадакоски, Симона Веселиновска и Слободан Трајковски.

Преку изведбата на актерите и танчерите се пренесени ситуациите и емоциите кои ги плете магичниот триаголник во кој се наоѓаат и од кој никој нема корист. Пораката е дека среќата била составен дел од нивните животи во моментите само кога си биле верни на себе.

Драмата е реализирана во девет сцени, кои речиси апсурдно се презентирани во обратен временски редослед. Во претставата се присутни и танцови настапи на професионални танчери од „Прима Данца“. Режисерот Влатко Павлески со умешност вметнува танц кореографии на пасо добле, англиски валцер, танго и румба, како израз на скриените емотивни состојби и потсвеста на ликовите.

„Неверство“ претставува практичен дел од магистерскиот труд на Павлески на модулот „Театарска режија“ на Факултетот за драмски уметности – Скопје, под менторство на професорот Слободан Унковски.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY