Претставата „Неверство“ на сцената на МОБ

Претставата „Неверство“ на сцената на МОБ

136
0
SHARE

Драмската претстава „Неверство“ во режија на Влатко Павлески и во продукција на „Прима Данца“ денеска ќе биде изведена на малата сцена на Македонската опера и балет.

Во претставата играат Предраг Павловски, Катарина Илиевска Силјановска, Самоил Стојановски, Илија Карадакоски, Симона Веселиновска и Слободан Трајковски.

Преку изведбата на актерите и танчерите се пренесени ситуациите и емоциите кои ги плете магичниот триаголник во кој се наоѓаат и од кој никој нема корист. Пораката е дека среќата била составен дел од нивните животи во моментите само кога си биле верни на себе.

„Неверство“ претставува практичен дел од магистерскиот труд на Павлески на модулот „Театарска режија“ на Факултет за драмски уметности – Скопје, под менторство на професорот Слободан Унковски.

Билети може да се набават во просториите на „Прима Данца“, како и на касата на МОБ.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY