Home ШОУ БИЗз Балкан Пристигнаа резултатите од обдукцијата на човекот кој го прегази Тони Цетински

Пристигнаа резултатите од обдукцијата на човекот кој го прегази Тони Цетински

1429
0
SHARE

Тони Цетински сеуште е под истрага, откако минатата недела во Ровињ го прегази 62-годишниот Ибрахим, кој почина на лице место.

Според неофицијални извори, обдукцијата на телото на мажот била завршена вчера.

Хрватските медиуми дознаваат дека обдукцијата потврдила дека Ибрахим лежел на улицата кога Тони го прегазил со неговиот автомобил.

Пејачот со тркалата му ја прегазил левата рака и дел од левата страна на телото, повреди кои не ја предизвикале смртта.

Причините за смртта на Ибрахим сеуште не се соопштуваат на јавноста, а автомобилот на Тони сеуште е на вештачење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here