Проблематичен тип: Енди Мареј предизвикал меѓународен скандал во Србија

Проблематичен тип: Енди Мареј предизвикал меѓународен скандал во Србија

37
0
СПОДЕЛИ

Освојувачот на Вимблдон и втор светски рекет Енди Мареј вчера со британската Дејвис куп репрезентација пристигнал во Белград, но притоа предизвикал меѓународен скандал за што е виновна и српската полиција.

Наводно, тој влегол кај нашиот северен сосед со пасош на свој роднина кој го понел по грешка. На аеродромот “Никола Тесла” воопшто не го забележале и препознале, па дури на социјалните мрежи виделе дека Мареј е во Србија. Со проверка дошле до заклучок дека го немаат во својот систем што им било чудно и потоа сфатиле дека влегол со туѓ пасош.

Веднаш имало реакција, контактиран бил неговиот менаџер кој ја објаснил целата ситуација.

Енди Мареј

За среќа, имајќи предвид дека се работи за познат спортист, Мареј немал дополнителни проблеми, а неговиот пасош треба да пристигне во текот на денешниот ден.

Енди Мареј

Прочитајте повеќе на sportmax.com.mk

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР