Прв пат во Скопје: Анастасија Ражнатовиќ доаѓа за хуманитарен настан!

Прв пат во Скопје: Анастасија Ражнатовиќ доаѓа за хуманитарен настан!

397
0
СПОДЕЛИ

Животната драма на македонскиот фризер и стилист, Љупчо Петрушевски – Бубе минатата година ја потресе македонската јавност, а сега е време да ја покажеме хуманоста на дело!

Неговите почитувани колеги од фризерската елита решија да направат хуманитарен настан за Бубе.

Под мотото „Мајсторите за мајсторот“ во недела (18.06.2017) со почеток во 19 часот во Музејот на современа уметсност на Скопското Кале, ќе се одржи фризерското шоу на кое ќе бидат собрани средства за потребната операција на Бубе.

На шоуто најдобри стилисти од земјава, но и Балканот ќе ги презентираат последните новитети на своите брендови.

А, најголемата ѕвезда која доаѓа за да го даде својот хуман печат е младата Анастасија Ражнатовиќ.

Тинејџерката ќе биде еден од моделите на настанот, со цел да се соберат повеќе средства за лекувањето на Бубе.

Влезот ќе чини 500 денари, средства кои ќе бидат донирани за фризерот, а билетите можете да ги набавите пред почетокот на шоуто, во Музејот на современа уметност на Скопското Кале.

Да бидеме хумани!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР