Home ЗАБАВА Само во Македонија „брзата пошта“ трае со денови: Внимавајте преку кого праќате...

Само во Македонија „брзата пошта“ трае со денови: Внимавајте преку кого праќате пратки

971
0
SHARE

Само во Македонија брзата пошта може да трае со денови.

И додека во денешно време за 15 дена бесплатно пристигнуваат пакети од Кина, во Македонија еден договор од два листа не може да пристигне на посакуваната дестинација.

Плус ако ви кажеме дека станува збор за пратка во ист град, тогаш ви е јасно колку е брза „брзата“ пошта.

До нашата редакција пристигна жалба на оштетен клиент од компанијата „Post Express“.

Нашиот читател поминал вистинска голгота со својот бизнис договор кој се обидел да го прати преку брза пошта.

Се започнало кога регуларно се јавил и повикал курир. По неговото пристигнување пратката била предадена и уредно подмирена сметката за услугата.

Пратката требала да пристигне за 24 часа од едно место до друго во Скопје, што било и ветувањето на курирот, притоа истата требала да биде доставена лично на рака бидејќи се работело за доверливи документи.

Се ова звучи супер, но тука започнува заплетот – пратката за жал исчезнува.

Пратката не само што не пристигнала на посакуваната дестинација за 24 часа, туку таа се води како исчезната со денови и никој не знае каде била доставена и кој ја примил.

Капак на се е и веб-страната на „Post Express“ која не е во функција.

И покрај жалбите во контакт центарот и обидите да се пронајдат документите, наместо да добие помош за решавање на случајот, оштетениот клиент добил дрзок и арогантен однос од вработените.

Нашиот читател го споделува своето негативно искуство со „Post Express“ со цел да ги заштити граѓаните, за да не го доживеат стресот кој тој го доживува со денови.

Се додека надлежните не се занимаваат со овие фирми кои на најдрзок начин си играат со трпението на клиентите, ова е единствениот начин за предупредување, а воедно нека биде и апел до институциите кои се задолжени за заштита на правата на потрошувачите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here