Сан Антонио го повлече дресот со број 21 во чест на Тим...

Сан Антонио го повлече дресот со број 21 во чест на Тим Данкан

21
0
СПОДЕЛИ

Изминатата ноќ се одиграа седум натпревари во НБА лигата, а вечерта ја одбележа натпреварот во Сан Антонио, кој мина во знакот на Тим Данкан, чиј дрес по завршувањето на мечот со Њу Орлеанс замина меѓу легендарните играчи на клубот.

Сан Антонио го повлече од употреба бројот 21, со кој овој кошаркар играше 19 сезони.

На емоционалната церемонија, Данкан се приклучи на уште седум играчи, удостоени со оваа вечна чест.

тим данкан

Во својата кариера, која ја помина цела во дресот на „Спарс“, Данкан стана пет пати шампион, два пати беше избиран за најкорисен играч во регуларната сезона и три пати во финалето, 15 пати играл во натпреварот на ѕвездите и е единствениот кој во првите 13 сезони е избиран истовремено во идеалниот тим на НБА и идеалниот тим на дефанзивците.

Покрај овациите кои ги собра синоќа, кошаркарите на „Спарс“ носеа чорапи со бројот 21 и нему му ја посветија победата од 113-100 над „Њу Орлеанс“.

тим данкан

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР