Се бори против сексуализација на жените, а позираше топлес: Ема Ватсон ги...

Се бори против сексуализација на жените, а позираше топлес: Ема Ватсон ги налути фановите (фото)

0
СПОДЕЛИ

Ема Вотсон моментално е една од најпопуларните актерки благодарение на премиерата на филмот „Убавицата и ѕверот“.

Таа на промоцијата на филмот се појави во неколку фантастични фустани, а во еден од нив буквално изгледаше како принцеза.

Сепак покрај беспрекорните појавувања на црвениот тепих Ема блесна и во фотосесија за магазинот „Vanity Fair“.

Во истата таа позира како „бунтовничката Бела“, а една фотографија предизвика вистински гнев кај фановите.

На фотката Вотсон позира со вкрстени раце, носејќи само болеро кое минимално ги крие нејзините голи гради.

На фановите и критичарите им пречи оваа фотографија, бидејќи Ема која тврди дека е феминистка по убедување, позира со голи гради, а до пред одреден период ги обвинуваше останатите ѕвезди кои се појавуваа во полу-голи изданија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР