Шокантна изјава на Гвардиола: Се наближува крајот на мојата кариера

Шокантна изјава на Гвардиола: Се наближува крајот на мојата кариера

56
0
SHARE

Еден од најдобрите тренери во светот, Пеп Гвардиола помалку изненадувачки најави дека веќе размислува за пензионирање од фудбалот. Шпанскиот стратег вели дека не сака да биде тренер кој ќе седи на клупата и кога ќе има 60 или 65 години.

„Мојот процес за заминување од фудбалот веќе започна. Не планирам да бидам тренер до 60 или 65 години. Останувам уште три години тука, можно е и малку повеќе, но секако дека се приближувам кон крајот на мојата кариера. Во тоа сум многу сигурен“, рече Гвардиола по победата на Манчестер Сити на свој терен со Барнли од 2:1.

 пеп гвардиола

Гвардиола беше револтиран бидејќи неговиот тим во дуелот против Барнли цел час играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Фернандињо. И со играч помалку „граѓаните“ стигнаа до три бода. Сити вкупно има 42 бода, седум помалку од лидерот Челзи, кој има и меч помалку.

 пеп гвардиола

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY