Што да облечете на летна венчавка?

Што да облечете на летна венчавка?

185
0
СПОДЕЛИ

Веруваме дека повеќето припаднички на понежниот пол имаат покана за свадба и размислуваат што да облечат и каква фризура и шминка да имаат за свадбената свеченост.

Свадбите секогаш ги поврзуваме со елеганција и гламур, но во летниот период можете и малку да го заокружите комформизот, да бидете индивидуалисти и да се покажете во ултра модерно издание.

Ви даваме неколку предлози за шопинг комбинации доколку сте од оние похрабрите и пред се сакате да се издвојувате.

izgled hitportal

 

Коралните и пастелни нијанси се апсолутен „ин“ веќе неколку топли сезони. Ќе изгледате свежо, младешки и сензуалнио. Панталоните со макси ногавици ќе ги издолжат вашите нозе, а исто така во нив ќе се чувствувате комфорно.

 

 

 

prugi hitportal

 

Секогаш модерната црно-бела комбинација е полн погодок со кој нема промашување. Оваа минималистичка комбинација е идеална за летна венчавка, па доколку сте особа што преферира едноставност и мохохроматика, слободно одберете некој сличен спој на парчиња.

rok romansa hitportal

 

За помладите девојки секогаш е тука безвременската комбинација од фустанче во риги и црна рокерка. Блескајте со вашата младост, па наместо фустани што светкаат и се влечат по земја, одлучете се за ваква смела комбинација.

dama hitportal

 

 

За дамите ги препорачуваме пастелните нијанси. Бидејќи на свадба гостите не носат бело, одберете ги овие пастелни и светли нијанси, комбинирани со златен накит.

 

den hitportal

 

Знаеме дека за една свадба можеби ќе ви биде потребна и комбинација за преку ден. Широки и лелеави панталони со впечатлив цветен принт и рамни сандали ќе бидат идеалните за да се чувствувате модерни, а сепак складни со свеченоста.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР