Со нејзиниот стајлинг опасно ја загрози границата на добриот вкус

Со нејзиниот стајлинг опасно ја загрози границата на добриот вкус

45
0
SHARE

Зборот премногу во модниот вокабулар на Маја Шупут има поинакво значење, но и примена.

Светки, латекс, чипка и ултра кратки комбинации се нејзиното секојдневие, а на нив најчесто се потпишува стилистот Марко Грубниќ.

Популарното дуо Маја Шупут и Модни мачак присуствувале на отварање на ноќен клуб каде како и секогаш го привлекле целото внимание.

Маја за овој настан носеше фустан, кој сериозно ја загрозуваше границата на добриот вкус.

Разголениот фустан кој се состоеше од кожни парчиња украсени со сребрен патент и проѕирна црна чипка изгледаше ефтино.

Пејачката за својот заводлив стајлинг се одлучи за класични салонки и силна шминка надополнета со долги вештачки трепки и црвен кармин.

Но, кожата, чипката и разголените детали не се омилена комбинација само на Маја.

И мега популарната Северина не можеше да одолее на овие комбинации, па на еден јавен настан носеше сличен фустан со овој на Маја.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY