Студент создал гел кој веднаш го прекинува крварењето (видео)

Студент создал гел кој веднаш го прекинува крварењето (видео)

86
0
SHARE

Студент од Универзитетот во Њујрок развил „Вети-Гел“, револуционерен материјал кој го запира крварењето и го започнува процесот на засирување со неверојатна брзина.

Џо Ландолина со видео го демонстрирал неговиот изум, па во видеото можеме да видиме како расекува свинско месо од кое почнува да прска крв. Но, штом на расеченото место нанесува Вети-Гел, крвавењето прекинува речеси во истиот момент.

„Веднаш му вели на телото да го прекине крварењето, но и го започнува процесот на заздравување“, вели Ландолина за неговиот изум.

Ландолина го развил гелот користејќи растителни полимери, кои можат да се разложат во помали парчиња, што овозможува тие да се однесуваат како течност.

„Гелот прави три работи. Прво, работи како лепак за ткиво. Држи притисок врз раната, па не е потребен надворешен притисок. Второ, кога ќе ја допре крвта, го активира т.н Фактор 12. Така се активира фибринот, полимер кој ја засирува крвта. Конечно, гелот ги активира тромбоцитните клетки. Гелот ги потикнува да се врзат за фибринот, што создава цврст „чеп“ на раната“, објаснил Ландолина.

Гелот во целост го имитира природниот процес на лечење на раните, само што повеќекратно го забрзува.

Вети-Гелот може да служи и како третман за тешки изгореници. Еден пријател на Ландолина, неодамна добил изгореница од втор степен, па откако го нанел гелот, следниот ден раната била излечена.

Студентот аплицирал за патент и е на почетокот на процесот на одобрување. Но, тоа се негови најмали грижи во моментов, бидејќи сите околу него се восхитени од резултатите.

Дури и американската војска веднаш искажала интерес за Вети-Гелот, а се очекува клиничките тестирања на гелот да започнат оваа година.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY