Home ИНТЕРВЈУ Тијана ги отвори чувствата: Јас сум Хитлер во домот! (Интервју)

Тијана ги отвори чувствата: Јас сум Хитлер во домот! (Интервју)

1326
0
SHARE

Деновиве регионалните медиуми „бомбардираа“ со шпекулации дека популарната пејачка Тијана Дапчевиќ ќе му стави крај на брачниот живот.

Сепак, за разводот само се нагодува, а наводно таа му дала ултиматум на сопругот да се промени или ќе се разделат.

По се изгледа српските медиуми се далеку повеќе преокупирани со оваа информација, но контрадикторност за ваквите пишувања на новинарите, може да се заклучи од најновото интервју на Тијана.

Таа за српскиот магазин Hellomagazin.rs на почетоток на неделава одговори на бројни прашања поврзани со нејзините најнови работни ангажмани, летниот одмор, новините во семејството, па и за бракот со Милан.

Тијана објаснува дека е полна со брачни совети, кои дури и ги дели на сестра си Тамара.

Овој септември таа и нејзиниот сопруг Милан се посебно среќни и возбудени поради тоа што синот Вук е прваче.

тијана и вук хитпортал

Неодамна се вративте од одмор. Како си поминавте?

Бевме на преубаво место кое се наоѓа под Олимп, сместени во летувалиште што е изолирано од бучава. Не сакам некој погрешно да ме сфати, но јас најмногу го сакам Егејското море, веројатно бидејќи сум Македонка.

При изборот на местата за летување дали ви се најважни потребите на синот Вук?

Апсолутно. Затоа поминавме петнаесет дена во летувалиште каде навистина има се што може да посакаш, но Милан и јас не сме баш типови што го сакаат тој вид на летување бидејќи секојдневно само јадеш и одиш на плажа. Тоа може да годи десет дена, но петнаесет, веќе е премногу. Нас во еден момент ни беше и досадно, но издржавме поради Вук, за кој имаше навистина различна програма.

Како ќе го поминете остатокот од летото?

Работно, бидејќи моментално во студио го завршувам својот албум. Ме очекуваат настапи во Македонија и Србија, а кон крајот на август ќе бидам гостинка „Филмскиот фестивал“ во Сараево. Во септември син ми тргнува во школо и се ќе биде подредено околу тоа.

Колку сте возбудени што Вук ќе биде прваче?

Многу сум возбудена поради тоа, многу брзо ми порасна во вистинско момче. Во една прилика кога бев помлада една баба ми рече:„ Синко јас имам седумдесет години, низ оваа врата влегов, а низ друга излегов и ете поминаа триесет години“. Тогаш се смеев на нејзината реченица, но сега сфаќам колку е вистинито тоа што го кажа. И мојот Вук така брзо порасна, па сум многу возбудена, поради неговата нова етапа, но и во нашиот живот.

tijana milan hitportal

Кој е построг родител, вие или Милан?

Јас сум Хитлер во нашата куќа, во се, па и кога станува збор за воспитувањето на Вук. Многу сум нежна и грижлива мајка и ние имаме свои ритуали кога се галиме и сакаме, но се знае дека мојот збор е последен.

Дали во текот на свадбата на Тамара имаше многу емотивни моменти?

Слободно можам да кажам дека ја преплакав пола свадба, на венчавката во црква толку многу плачев, што после тоа морав повторно да се нашминкам. Тамара е моја помала сестра и ние двете сме врзани како црева, а во нејзиниот живот почнува една нова етапа.

Дали во текот на подготовките се потсетивте на моментите кога вие со Милан стапивте во брак?

Да, на многу моменти и цело време зборував како се беше поинаку пред четиринаесет години која јас се мажев. Немаше толку нервоза. Тогаш Тамара во еден момент ми рече:„Секако дека немаше толку нервоза кога тато ја организираше твојата свадба, а ти само дојде, облече фустан и се омажи“.

tijana i tamara hitportal

Дали како постара сестра и дадовте некој брачен совет?

И дадов еден сочуван совет, а тоа е дека се што има да му каже, нека го направи на перница. И секогаш ќе добие се што сака и ќе биде вратот на неговата глава. Нема голема филозофија кога е бракот во прашење, мажот треба да се чува и да се сака, секако, ако и тој те сака тебе, а тоа жената секогаш го чувствува. Ако е така, се ќе биде добро и ќе го добие она што го сака.

Кој ви ги даваше најдобрите совети поврзани со машко-женските односи?

Мојата другарка Нена, која е малку постара од мене и е среќно мажена жена. Од неа секпогаш ги добивам најдобрите совети врзани за брачниот живот.

tijana hitportal 4

Превземено од: hellomagazin.rs

Автор: Ивана Николиќ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here