Home ШОУ БИЗз Балкан Тони Цетински ја раскажа несреќата: „Влегов во фризерница и барав да викнат...

Тони Цетински ја раскажа несреќата: „Влегов во фризерница и барав да викнат Брза помош!“

2395
0
SHARE

Тони Цетински се пресели во родниот Ровињ да биде далеку од гужва, новинари и папараци, но за жал моментално поминува низ пекол.

Тој за најновото издание на „Глорија“ раскажа како се случила несреќата во која со автомобил прегази човек.

„Иако сеуште сум во шок и тешко ми е да се присеќам на несреќата, сепак се сеќавам добро на се, но не ми е јасно како се случи“, вели Тони.

Улицата во која се случила несреќата е многу тесна, па музичарот кој истиот пат го поминува секој ден, се движел многу бавно.

„Мора многу внимателно да се движите по таа улица, за да може да влезете помеѓу два ѕида и да свртите лево, па така постапив како и секој ден. Многу бавно како да излегувам од паркинг, се движев и веднаш по вртењето лево почуствував дека нешто се случи под мојот автомобил. Застанав се наведнав под автомобилот и немаше ништо, кога отидов од другата страна, го видов она што не го очекував – човек!“, додава тој.

Единствено што во тој момент му текнало да направи, е да отиде до фризерницата преку улица и панично да бара да се повика Брза помош.

Барал и дигалка за автомобил за да го ослободи човекот, но се било залудно. Кога пристигнала Брзата помош, тие само констатирале смрт.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here