Трет интернационален детски фестивал „Сонот на облачето“

Трет интернационален детски фестивал „Сонот на облачето“

85
0
СПОДЕЛИ

Најмладата публика по трет пат ќе ужива во магијата на театарските претстави со сенки на 3-тиот Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“, што ќе се одржи од 23 до 25 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје.

На првиот ден на фестивалот ќе биде изведена претставата „Танцот на рацете“ на театарот „Sombras Chinas“ од Шпанија, спектакл кој мистично раскажува приказни одиграни со сенки од раце.

Публиката на вториот ден премиерно ќе има можност да ја проследи претставата „Нашиот штрк Силјан“, на театарот „Сенки и облаци“ од Македонија.

Претставата е работена според народната приказна за Силјан штркот и зборува за одговорноста, работливоста и љубовта на Силјан кон своите најблиски во моговите на искушение.

Последниот ден од програмата на фестивалот ќе бидат изведени претставите „Волкот и трите прасиња“, на американскиот театар „Fierfly Shadow Theatre“ и „Новогодишната ноќ на едно девојчe“, на српскиот театар „Le Studio“.

Билетите може да се набават на билетарницата на МКЦ по цена од 120 денари.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР