Home ЗАБАВА Tv + Reality Турските серии со заработка од 250 милиони долари во 2015 година

Турските серии со заработка од 250 милиони долари во 2015 година

160
0
SHARE

„1001 ноќ“, „Езел“, „Кога лисјата паѓаат“, „Величенствениот“, „Љубов и омраза“, се само дел од турските тв-серии кои освоија милиони гледачи во земјите на Балканот, Блискиот исток па и Латинска Америка.

Податоците покажуваат дека Турција во 2014 година остварила извоз на тв-серии во вредност од 200 милиони долари, а таа бројка во 2015 година била дури 25 отсо поголема, односно 250 милиони долари.

Очекувањата дека извозот во 2016 година ќе дотигне 300 милиони долари.

Бесир Татли, генерален директор на „Калинос Холдинг“, кој се занимава со продажба на турски тв-серии во странство за агенцијата „Аанадолу“ изјавил дека во Турција на годишно ниво се снимаат 70 серии.

Тој додава дека околу 40 од нив се „жртви“ на падот на рејтингот и престануваат да се емитуваат, но меѓу останатите 30-тина серии кои се гледани на територијата на Турција, 10 до 15 успеаваат да се пробијат на интернационалниот пазар, односно на странските телевизии.

езел

Говорејќи за проблемите во турската кинематографија, Татли изјавил дека во моментот најголемиот проблем е недостиг на нови сценарија.

Според нивните зборови, сценаристите и продуцентите имаат проблеми во пронаоѓањето на нови теми, па во поново време популарна е адаптацијата на темите кои порано се работени во странство.

Покрај земјите на Балканот и земјите од турското говорно подрачје, турските серии се прикажувани на телевизиите во Австрија, Бугарија, Аргентина, Бразил, Мексико, Ирак, Иран, Индонезија, Малезија, Кина, Тајван, Тајланд.

величествениот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here