Home ЗАБАВА Уапсени четири лица поради „Game оf Thrones“

Уапсени четири лица поради „Game оf Thrones“

2611
0
SHARE

Полицијата во Индија уапсила четири лица под сомнение дека пуштиле онлајн епизода од хит-серијата „Игра на тронови“.

Од четворицата уапсени, три лица се вработени во компанијата „Prime Focus Tehnology“, компанија со седиште во Мумбај која ја процесира и ја чува серијата за индискиот стриминг сајт „Hotstar“.

Четвртата епизода од седмата сезона протече на интернет на 4 август, два дена пред терминот кога требаше да се емитува низ светот на каналот ХБО.

Инаку неколку хакери неодамна упаднале во интерниот систем на компанијата ХБО и, наводно, украле 1,5 терабајти податоци, меѓу кои и сценарио за „Игра на тронови“, како и лични податоци на вработените и актерите.

Само за потсетување, во тек е емитувањето на седмата, претпоследната сезона од оваа хит серија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here