УЕФА има план ако вечер биде потопло од 32 степени

УЕФА има план ако вечер биде потопло од 32 степени

5318
0
SHARE

Скопје е зафатен од висок топлотен бран со денови, па темепратурите го надминуваат и 40-от степен.

На вчерашната прес конференција, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, рече дека изминатите денови тој закажувал тренинзи во 16 часот, со намера играчите да се аклиматизираат на високите температури, но како што рече „во Манчестер во тој период секогаш имаше дожд“.

Од друга страна тренерот на Реал, Зинедин Зидан, не смета дека тоа што климата во Мадрид е слична со оваа во Скопје ќе биде предност за неговите фудбалери.

Но, доколку температурата на воздухот на почетокот од натпреварот биде повисока од 32 степени тогаш според правилата на УЕФА се планирани две паузи за освежување на играчите по 30 и 60 минути игра.

Дуелот на „Филип Втори“ започнува во 20:45 часот.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY