Home ЗАБАВА Велигденски подароци: Хуманоста се изразува преку дела!

Велигденски подароци: Хуманоста се изразува преку дела!

66
0
SHARE

Зборот хуманост постоел, постои и ќе постои. Но, зборот е само збор кој е низа од гласови- букви.

Хуманоста се изразува преку дела. Доблеста на секој човек е да биде хуман, а хуманоста е во секој од нас и се уште е жива.

Асоцијацијата за едукација, спорт култура и здравје ЕДУКО ПЛУС континуирано работи на проекти од областа на заштитата на децата и младите, но со посебен акцент на децата со посебни потреби.

Големиот христијански празник Велигден го одбравме специјално за да внесеме радост и среќа во нивните срца.

На ден 12.04.2017 (среда) со почеток во 12:30 часот во холот на основното училиште ПОУ „Иднина“ ќе се одржи кратка приредба по повод празникот, организиран од учениците од школото.

На приредбата ќе учествуваат и гости од детската естрада и аниматор кој ќе им ги подели пакетчињата на децата.

Покрај оваа централна манифестација, велигденските подароци ќе бидат поделени и во училиштата ДСУ „Св. Наум Охридски“ и ПОУ„ Златен Сремац“ во наредните два дена- 13.04.2017 (четврток) и 14.04.2017 (петок).

Едуко Плус и хуманите луѓе од групацијата Новоматик, поточно четирите компании на македонскиот пазар: ХТЛ Македонија, МА Гаминг (Адмирал електронски казина), Мастербет (Астра електронски казина) и Макотен ( Казино Фламинго Хотел), кои безрезервно го поддржија целиот проект, ќе ги израдуваат дечињата со пакетчиња со подароци кои го симболизираат овој наш најголем празник и заедно да им го направиме животот за миг посреќен.

Секогаш постојат хумани луѓе и луѓе на кои им е потребна хуманоста.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here