Викторија Бекам го натерала Дејвид да оди со синот на неговиот прв...

Викторија Бекам го натерала Дејвид да оди со синот на неговиот прв состанок со девојка

0
СПОДЕЛИ

Дејвид Бекам во последно време е окупиран со промовирање на неговиот бренд пијалок, а поради тоа почнал да пушта и брада.

На гостувањето во емисијата „The Late Show with James Corden“ раскажал дека на неговата сопруга не и се допаднала брадата.

Ми рече: „Нема шанси да те бакнам додека не се избричиш“, открил поранешниот фудбалер, иако на некои членови на семејството му се допаднал неговиот нов изглед.

Тој открил и дека Викторија инсистирала тој да оди со Бруклин на неговиот прв состанок со девојка.

Дејвид Бекам

„Ќе ме мрази поради ова, но не ми пречи. Кога имаше 14 ипол години, Бруклин на Денот на вљубените ми рече дека би сакал да однесе двојка на вечера. Му реков: ОК, супер, а кога тоа и го кажав на Викторија ми рече: Во ред, но мораш да го однесеш и да бидеш во негова близина во ресторанот. Ја прашав: Зарем навистина ќе ме натераш тоа да го правам, а таа одговори дека тоа е единствениот начин за да го пушти да оди, открил Дејвид.

„И така, го однесов во мал суши ресторан и седев пет маси подалеку од него. Инаку, мојата ќерка сега има четири години, но кога ќе оди на првиот состанок, ќе седам уште поблиску до неа во ресторан“, додал Бекам и ги насмеал сите присутни.

Во публиката бил и неговиот син Бруклин.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР