Home ЗАБАВА Временска прогноза 07.11.2016: Облачно и топло време

Временска прогноза 07.11.2016: Облачно и топло време

65
0
SHARE

Денес е понеделник, 7 ноември 2016 година, 312-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:08, а ќе зајде во 16:25 часот. Денот ќе трае 10
часа и 17 минути.

Претежно ведро со локална облачност и доста топло утро за овој период од
годината во Македонија. Понекаде во северните и западните предели
зголемена облачност.

МАКЕДОНИЈА – Денес уште еден надпросечно топол ден. Претпладне претежно
сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која во
крајните западни предели со услови за врнежи од дожд. Ќе дува доумерен
засилен југоисточен и југозападен ветер кој локално ќе достигне брзина и
до 45 км/ч.
Во вечерните часови и во текот на ноќта под влијание на медитерански
циклон продор на влажна воздушна маса која најпрво во западните и
северозападните предели ќе услови врнежи од дожд, кои во текот на ноќта
ќе се прошират и во останатите предели од Македонија. Утринските
температури од 7 до 15 степени, а пак максималните дневни од 16 до 23
степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје претпладне претежно сончево, попладне зголемување на
облачноста. Во доцните вечерни часови како и во текот на ноќта
нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југозападен ветер.
Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 21
степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник облачно со поинтензивни врнежи од дожд,
над 2500 метри со врнежи од снег. Локално во крајните западни и
северозападни предели како и во североисточните предели може да наврнат
и до 30 литри дожд. Максималните температури од 9 до 19 степени. Во
среда облачно со поинтензивни врнежи од дожд, локално до 20 литри и
температури во опаѓање кои ќе достигнат до 6 односно до 16 степени. Над
1500 метри се очекуваат врнежи од снег. Во четврток умерено облачно со
сончеви периоди, во доцните попладневни и во вечерните часови нови
врнежи од дожд, а над 1000 метра и врнежи од снег. Температурите од 4 до
14 степени. Во петок по студеното утро во текот на денот умерено облачно
време со повремени сончеви периоди и температури од 5 до 15 степени

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here