Home ЗАБАВА Временска прогноза 08.11.2016: Облачно со врнежи од дожд

Временска прогноза 08.11.2016: Облачно со врнежи од дожд

46
0
SHARE

Денес е вторник, 8 ноември 2016 година, 313-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:09, а ќе зајде во 16:24 часот. Денот ќе трае 10 часа и 15
минути.

Пролетно и невообичаено топло утро во Македонија. Во северозападните,
северните и североисточните предели облачно време, додека пак во
останатите предели имаме претежно ведро време со појава на локална
облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во текот на денот ќе биде умерено облачно
време со врнежи од дожд, топло и ветровито. Поинтензивни врнежи се
очекуваат во крајните западни и северозападни предели, како и во
источните и североисточните предели каде локално може да наврнат и над
30 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува засилен југоисточен и
југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Минималните
температури од 9 до 17 степени, а максималните до 13 оидносно до 23
степени.
На планините над 2600 метри со врнежи од снег.

СКОПЈЕ – Во Скопје умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд,
ветровито и топло време. Ќе дува доумерен и засилен јужен ветер.
Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 19
степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Врнежите од дожд ќе продолжат и во среда но со многу
посилен интензитет, значи не очекуваат поројни врнежи од дожд, а
локално може да надминат и 40 литри дожд. Максималните температури од 8
до 17 степени. Во четврток и петок умерено облачно време со услови за
повремени сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови со
врнежи од дожд, над 1600 метри со провејување на слаб снег.
Температурите ќе бидат во опаѓање, особено утринските, а пак дневните во
четврток од 7 до 16 степени, а во петок од 9 до 18 степени. Во сабота
облачно со врнежи од дожд и температури од 7 до 16 степени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here