Временска прогноза 09.01.2017: Умерено облачно и студено време

Временска прогноза 09.01.2017: Умерено облачно и студено време

47
0
SHARE

Денес е понеделник, 9 јануари 2017 година, 9-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:26 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 31 минути.

Новата работна седмица ја започнуваме со уште едно поларно утро. Умерено
облачно и доста студено е ова утро во Македонија, умерено облачно со
сончеви периоди е во западните централните и југоисточните предели.
Поради ниските утрински температури постојат услови за појава на умерен
мраз и голомразица, затоа бидете внимателни кога се движите.

МАКЕДОНИЈА – По студеното утро, во Македонија во текот на денот умерено
облачно време со услови за повремени и кратки сончеви периоди, студено и
ветровито. Попладне и во вечерните часови локално постојат услови за
провејување на слаб снег, станува збор за сосема слаби врнежи. Ќе дува
доумерен североисточен и северозападен ветер. Максималните температури
ќе бележат благ пораст во однос на вчерашните и ќе се движат од -13 до
-3 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска умерено облачно време со повремени сончеви
периоди, ветровито и студено време. Попладне со услови за провејување на
слаб снег. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура
од -12 степени, а максималната дневна до -7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА –Во вторник претежно облачно и студено време, со
услови за сосема слаби врнежи од снег кои што нема да предизвикаат
проблеми, особено во патниот сообраќај. Минималните од -18 до -7, додека
пак максималните од -12 до -2 степени. Во среда, четврток и петок
умерено облачно време со повремени сончеви периоди но и благ пораст на
дневните температури. Во среда утринските од -16 до -6, а дневните од
-10 до 0 степени, четврток минимални од -16 до -7 степени и максимални
од -6 до 4 степени, додека пак во петок утринските од -14 до -5 степени,
а пак максималните дневни од -4 до 6 степени.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY