Home ЗАБАВА Временска прогноза 10.11.2016: Умерено облачно време со сончеви периоди

Временска прогноза 10.11.2016: Умерено облачно време со сончеви периоди

52
0
SHARE

Денес е четврток, 10 ноември 2016 година, 315-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:12, а ќе зајде во 16:22 часот. Денот ќе трае 10
часа и 10 минути.

Во Македонија во утринските часови имаме умерено облачно време со
повремени сончеви периоди и постудено време со пониски утрински
температури, особено во јужните предели каде што е претежно ведро
времето.

МАКЕДОНИЈА – Денес во текот на денот не очекува умерено облачно време со
сончеви периоди, ветровито и посвежо со пониски дневни температури.
Сончевите периоди повеќе ќе ги имаме во утринските и претпладневните
часови, а попладне во западните и северозападните предели зголемување на
облачноста која што ќе донесе локални врнежи од дожд, а на планините над
1500 метри со врнежи од снег. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и
југозападен ветер. Утринските температури од 0 до 8 степени, додека пак
максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес не очекува умерено облачно време со повремени
сончеви периоди. Слаб јужен ветер. Утринската температура од 4 степени,
максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок умерено облачно време со
сончеви периоди и малку потопло со дневни температури од 8 до 19
степени. Во доцните попладневни и во вечерните часови во западните и
северозападните предели врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се
прошируваат и во останатите предели. Во сабота претежно облачно време со
врнежи од дожд но со послаб интензитет, иако западните и источните
предели се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. Максималните
температури од 7 до 18 степени. Во недела и понеделник стабилно време со
постудени утра со утрински температури од -3 до 5, односно од -4 до 5
степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и
максимални температури кои ќе се движат во интервал од 5 до 16 степени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here