Home ЗАБАВА Секојдневие Временска прогноза 16.05.2017: Врнежливо и нестабилно

Временска прогноза 16.05.2017: Врнежливо и нестабилно

134
0
SHARE

Денес е вторник, 16 мај 2017 година, 136-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:08, а ќе зајде во 19:50 часот. Денот ќе трае 14 часа и 42
минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно и топло време со високи
утринските температури, кои се како последица на облачното време што го
имавме во текот на ноќта. Во северните и крајните југозападни предели
постојат услови за повремени и кратки сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе преовладува умрено облачно и
нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните
температури. Врнежите од дожд ќе ги имаме во текот на целиот ден,
претпладне во југозападните, јужните и југоисточните предели со слаб
интензите, попладне ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни.
Локално се очекуваат да наврнат и до 15 литри. Ќе дува доумерен
североисточен и северозападен ветер. Минималните температури од 8 до 16
степени, додека пак максималните ќе достигнат до 14 односно до 23
степени. УВ индексот ќе има вредност 2.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи
од дожд. Врнежите претежно ќе бидат застапени во попладневните часови.
Слаб северен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак
максималната дневна до 21 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд
во Македонија се очекуваат и во среда. Минималните температури од 5 до
14 степени додека пак максималните дневни од 13 до 22 степени. Од
четврток стабилизација на времето. Во четврток и петок ќе биде претежно
сончево и потопло време со пораст на дневните температури, иако во
утринските бчасови и во текот на ноќта температурите ќе биде во опаѓање.
Во четврток утринските од 3 до 12 степени, додека пак максималните
дневни од 17 до 26 степени, а во петок минималните од 1 до 10 степени,
додека пак дневните од 20 до 29 степени. Во сабота претежно сончево
време со појава на локална облачност и топло со максимални 18 односно 27
степени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here