Временска прогноза 20.12.2016: Претежно сончево и студено време

Временска прогноза 20.12.2016: Претежно сончево и студено време

25
0
СПОДЕЛИ

Денес е вторник, 20 декември 2016 година, 355-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:52, а ќе зајде во 16:10 часот. Денот ќе трае 09
часа и 18 минути.

И ова утро имаме претежно ведро и студено утро со појава на умерен мраз
и слаба магла по одделни котлини.

МАКЕДОНИЈА – Без промена на временската состојба и во Македонија, која и
денес ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што
носи претежно сончево време со појава на локална облачност но и студено
поради продор на поларна воздушна маса од североисток. Ќе дува доумерен
слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -11
до -3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 5 односно
до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која ќе се
задржи и претпладне. Во текот на денот претежно сончево време со појава
на локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура
од -7 степени, а максималната дневна до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Сончево и студено време во наредните денови,
единствена променлива величина ќе бидат температурите но и тие без некои
поголеми отстапувања. Утринските температури ќе се движат во интервалот
од -12 до -1 степен, додека пак максималните температури во среда и
четврток од 5 до 12 степени, односно од 6 до 13 степени во петок и
сабота.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР