Временска прогноза 26.04.2017: Претежно сончево и топло време

Временска прогноза 26.04.2017: Претежно сончево и топло време

65
0
SHARE

Денес е среда, 26 април 2017 година, 116-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:32, а ќе зајде во 19:29 часот. Денот ќе трае 13 часа и 57
минути.

Во овие утрински часови во Македонија имаме претежно сончево и топло
време со пораст на утринските температури кои ќе го достигнат, а
дневните температури ќе го надминат повеќегодишниот температурен просек
за овој период до месец април.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска не очекува вистинско пролетно уживање
во метеоролошките услови кои тоа ќе ни го пружат. Ќе биде претежно
сончево, ветровито и топло време со пораст на температурите, како на
утринските така и на дневните. Во текот на денот ќе дува доумерен
југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 1 до 11
степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 26
степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска претежно сончево и многу топло време. Ќе дува
доумерен јужен ветер. Утринската температура од 6 степени, додека пак
максималната дневна ќе достигне до 24 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток во Македонија ќе преовладува претежно
сончево и топло време со температури кои ќе бидат во пораст и ќе
достигнат од 18 до 28 степени, додека пак утринските ќе се движат од 2
до 9 степени. Во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална
облачност, попладне зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено
облачно време со сончеви периоди и топло со дневни температури од 19 до
29 степени. Во сабота умерено облачно време со сончеви периоди и топло
иако дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Минималните од 6 до
13 степени, а максималните од 15 до 25 степени. Попладне во
североисточните, северните и северозападните предели со услови за
локални врнежи од дожд. Во недела умерено облачно и нестабилно време со
врнежи од дожд, утринските температури од 7 до 14 степени, додека пак
дневните од 11 до 21 степен.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во четврток сончево и топло време со дневна
температура до 26 степени. Во петок претпладне претежно сончево со
локална облачност, попладне зголемување на облачноста и умерено облачно
време со сончеви периоди и максимални 27 степени. Во сабота претпладне
умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навчер со услови за
врнежи од дожд и температура до 23 степени. Во недела умерено облачно и
нестабилно време со врнежи од дожд и дневна температура до 19 степени.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY