Временска прогноза 28.04.2017: Викендов умерено облачно и топло време

Временска прогноза 28.04.2017: Викендов умерено облачно и топло време

64
0
SHARE

Денес е петок, 28 април 2017 година, 118-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:29, а ќе зајде во 19:31 часот. Денот ќе трае 14 часа и 02
минути.

Како што и вчера најавивме, денеска денот го започнуваме со претежно
сончево време со појава на локална облачност но и невообичаено топло
утро за овој период од годината со температури кои се за неколку степени
над просекот за овој период од месец април.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови
ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне
зголемување на облачноста што ќе услови умерено облачно време со сончеви
периоди, ветровито и многу топло време, а во крајните северозападни
планински предели со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе
дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури во
пораст од 5 до 12 степени, додека пак максималните дневни ид 20 до 31
степен. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска претежно сончево со појава на локална
облачност и топло време, а попладне зголемување на облачноста и умерено
облачно време со сончеви периоди, ветровито и топло. Ќе дува доумерен
јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а
максималната дневна до 29 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота умерено облачно со сончеви периоди и малку
посвежо време со благо опаѓање на дневните температури кои ќе се движат
во интервал од 17 до 28 степени, со напомена дека во попладневните и
вечерните часови постојат услови за локални врнежи од дожд со исклучок
во западните и југозападните предели. Во недела умерено облачно време со
сончеви периоди и свежо време. Утринските температури од 6 до 14
степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање поради
продор на ладна воздушна маса од север и ќе се движат од 11 до 21
степени. Во понеделник претежно сончево време со појава на локална
облачност и топло време со пораст на температиурите, попладне во
северозападните, западните и југозападните предели со услови за локални
врнежи од дожд и грмотевици. Минималните температури од 2 до 10 степени,
додека пак максималните до 16 до 27 степени. Во вторник претежно сончево
со локална облачност и топло време со максимални 18 односно 29 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во сабота умерено облачно време со повремени
сончеви периоди и топло време со максимална температура до 27 степени.
Доцна попладне со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Во недела
умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди и посвежо
време и минимална температура од 12 степени, а максималната дневна до 21
степен. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло
време, попладне зголемување на облачноста и дневна температура до 26
степени. Во вторник претежно сончево и топло време и максимални 28
степени.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY