Home ЗАБАВА Секојдневие Временска прогноза за 12 јуни: Сончево и топло време со повисоки температури

Временска прогноза за 12 јуни: Сончево и топло време со повисоки температури

95
0
SHARE

Во Македонија во петок поради продорот на топла воздушна маса од југ се очекува претежно сончево и топло време со температури кои ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината.

Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер.

Утринските температури од 9 до 18 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 34 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер. Минималната температура од 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 31 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Во наредните денови ќе продолжи сончевото и топло време со константен пораст на температурите кои ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината.

Својот максимум температурите ќе го имаат во понеделник кога се очекуваат дневните температури да достигнат до 27 односно до 38 степени.

Во деновите од викендот па и во понеделник вредноста на УВ индексот ќе биде висока, затоа се препорачува да се избегнува директна изложеност на сонце во периодот од 11 до 17 часот.

Од вторник се очекува постепено опаѓање на температурите.

Во соработка со: weather4all

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here