Временска прогноза за 25 мај: Умерено облачно со повремени сончеви периоди

Временска прогноза за 25 мај: Умерено облачно со повремени сончеви периоди

0
СПОДЕЛИ

Во понеделник во утринските часови услови за слаби локални врнежи од дожд се очекуваат во крајните источни и југоисточни предели.

Во текот на денот умерено облачно со повремени сончеви периоди.

Попладне повторно со услови за локални врнежи од дожд ќе има во северозападните, североисточните и крајните источни предели.

Во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер.

Минималните температури од 7°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 27°C.

Во понеделник во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо. Попладне со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура од 14°C, а максималната дневна температура до 24°C.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА

Во вторник во Македонија посвежо утро со минимални температури од 4°C до 14°C. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локални врнежи од дожд претежно во северозападните и западните предели. Максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 28°C.

Во среда умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо. Попадне услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури ќе се движат во интервал од 8°C до 18°C, а максималните температури ќе се движат од 14°C до 24°C

Од четврток се очекува стабилизација на времето. Во четврток ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Утринските температури од 6 до 16 степени, а максималните дневни температури од 12 до 22 степени.

Во соработка со: weather4all

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР